yeeha-1

Yeehaw е името на новиот 3D принтер кој што е лесен за употреба и со кој може да манипулира секое дете. Со него се отвораат многу полиња за потенцијален развој на вашето дете, формирање на идеи, учење на нови вештини, запознавање со своите ново неоткреини таленти преку изработување на голем број 3D модели на играчки.

Децата треба само да бидат мотивирани и креативно да размислуваат, а Yeehaw ќе го направи секој друг сегмент од работата. Доволно е паметен што ажурирањата, калибрирањата и подесувањата на машината и системот ги прави сам, па никогаш нема да морате вие и вашето дете да ги подесувате операцииите или параметрите во процесот на изработка.

Безбедноста е прв приоритет на Yeehaw, па секој најмал сегмент од него е детално и специјално изработен вклучуваќи неколку вградени безбедносни карактеристики.  Системот на принтерот е целосно затворен во процесот на изработка, па рацете на секое љубопитно дете ќе бидат подалеку од жешкиот стопен материјал благодарејќи на безбедносната врата. При секое отварање на безбедносната врата, секое помрднување, нишање на принтерот или било какво попречување на процесот на изработка сите подвижни делови престануваат да работат, a млазницата се враќа во првобитната положба. Исто така сите материјали кои ги користи овој 3D принтер се не токсични, 100 % природни и доаѓаат во 12 бои.

Yeehaw има компактен, елегантен, естетски провиден дизајн кој ви овозможува да следите како вашите идеи стануваат реалност од секој агол. Преку специјално дизајнираната апликација која е лесна за употреба децата можат да дизајнираат било каква идеа дел по дел. Исто така, можете да изберете некој од 2.000 модели спремни за печатење од библиотеката на Yeehaw која секојдневно расте.

Отворете ја апликацијата, поврзете се преку Wi-Fi, изберете модел, изберете боја, притиснете – печати и оставетего Yeehaw сам да ја направи магијата. Едноставно нели?

Извори: Indiegogo, TechCrunch

Претходна статијаРанливост во Firefox има овозможувано демаскирање на Tor корисниците
Следна статијаMeizu Pro 6 Plus е супер моќен телефон кој чини само 435 долари