Office-Lens-798x310

Фактот дека дигиталниот свет напредува толку брзо што скоро сите документи веќе стануваат дигитални доведува до разни решенија за дигитализирање документи за електронска употреба. Досега решението беше обично скенирање со тоа што добиваме фотографија од документот и тоа е тоа.

Microsoft Office Lens ја менува играта целосно. Апликацијата е сега достапна за iOS и Android.

Бидејќи познато ни е дека описите на апликациите најчесто се преувеличени и тоа во практична употреба не е секогаш толку добро, решив да ја тестирам апликацјата на Андроид уред.

Уредот што го користам е LG G2 Mini, со 8 мегапикселна камера, и активен root. Фотографирав 3 документи со него, еден напишан со рака, еден на извиткан документ (како што би бил во писмо, на 3 пати) и еден целосно прав на кирилица.

Резултатите беа следни:

  • На ракописниот документ, освен што добив опција да ја корегирам перспективата и апликацијата малку го подобри контрастот за да биде почитливо, во Word документот добив хиреоглифи и исечоци од документот, но го има целиот како фотографија на последната страница.
  • На документот што беше превиткан трипати после два обиди, добив солидни резултати, 80% од информациите беа препишани солидно (со минимални печатни грешки), додека тие што не беа препишани добија копија од самата фотографија. Според тоа што го гледам, проблемот е во тоа што листот е малку извиткан бидејќи површината и светлото не беа рамни.
  • На документот кадешто листот е прав, но на кирилица, 100% (95% правописно точен) од текстот беше препишан, но често малоto ќ го препишува како големо К, и истото се случува и со ѓ каде што често го заменува со б или {. Освен тоа, можам да кажам дека апликацијата (која се’ уште е во тест фаза за Android) функционира одлично со оглед на тоа што печатот од договорот (правоаголен) беше направен во табела со една печатна грешка севкупно. Пример за грешките: „ме{утоа истите не траба да бидат кратки“; „вклучувајКи, но не ограничувајКи “.

За да ја инсталирате апликацијата на Android потребно е да се зачлените Google+ заедницата, па да притиснете да станете тестер на апликацијата. За iOS апликацијата можете да ја симнете преку App Store.

Извори: TheNextWeb, Office Blogs

Претходна статијаOne M8s e поевтина верзија на популарниот знаменосец од минатата година на HTC
Следна статијаMarkO со нова продукциска верзија на Google Play Store