All Inboxes View - Final

Оваа можност можеби требаше веќе да биде достапна, посебно по воведувањето на поддршка и за други email сметки покрај Gmail. Корисниците кои што ја користат Gmail апликацијата на Android за проверување на нивните Gmail, Yahoo, Outlook и други сметки, мораа да ги отвораат посебно за да ги проверат пораките од нив.

Со најновата верзија, Gmail ја добива оваа едноставна, но корисна можност, да корисниците ги гледаат сите нивни пораки од сите сметки во еден инбокс. Се разбира посебната проверка по сметки е и понатаму достапна.

Покрај оваа новина, новата верзија вклучува уште неколку други додатоци. Па така, корисниот conversation view, односно преглед по разговор, кој што ги групира пораките со ист наслов во еден разговор, сега е достапен за сите email сметки, а не само за Gmail.

Conversations View Final

Оваа функција овозможува доста поголема прегледноста и организираност на пораките кои што се дел од истиот разговор. Оваа функција е стана популаризирана од страна на Gmail, по што почнаа да ја воведуваат и другите сервис провајдери.

Апликацијата исто така доби подобрување во предлозите кои што се прикажуваат при пребарување. Подобрување има и во анимациите при работа со апликацијата, како и прикажувањето на сликите од прикачените фајлови во пораките.

Новата верзија од Gmail можете да ја надградите преку Play Store или преку следниот линк. Како и во други случаи, доколку надградбата не е достапна при проверката, истата ќе биде овозможена во периодот што следи.

Gmail за Android – Google Play Store

Извор: Gmail

Претходна статијаКој гледа во вашето „биолошко резиме“?
Следна статијаУште 48 часа можност за купување на early bird карти за Startup Weekend Skopje
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.