Nexus5_tilted

Информацијата доаѓа од порталот TechRadar кои што тврдат дека имаат добиено потврда од страна на Google. Тие информирајќи се за достапноста на другите бои од Nexus 5, дошле до информацијата дека овој уред веќе нема да се произведува, па корисниците кои што се заинтересирани треба да го купат додека се’ уште го има на залиха.

Nexus 5 кој што е направен од страна на LG, беше претставен пред нешто повеќе од една година, поточно на крајот од Октомври 2013. Како и што би се очекувало, тој е еден од најпопуларните Android уреди. Со него корисниците добиваат уред со одлични карактеристики, прилично подобра цена за разлика од најдобри модели, како што се Galaxy S моделите од Samsung.

Можеби една од најпривлечните карактеристики на Nexus уредите, барем за одредени корисници, е оперативниот систем. Nexus, се разбира, доаѓа со основната, таканаречена ванила верзија од Android, без промените, додатоците и апликациите кои што ги прават и додаваат производителите. Со тоа се овозможува оригинално Android искуство, онака како што тоа го имаат замислено неговите развивачи, односно Google.

Доколку информацијата е точна, корисниците кои што сакаат да користат Nexus уред ќе можат да го купат новиот Nexus 6, кој што сепак за разлика од претходниот, може да не им се допадне на толку луѓе. Тоа е поради огромниот екран со кој што доаѓа, па не сите сакаат да носат толкав мобилен, посебно ако имаат навика да го чуваат во џебот.

Извор: TechRadar

Претходна статијаEU vs. Google: Во одбрана на слободниот пазар (дел 1)
Следна статијаMSN апликациите од Microsoft достапни за корисниците на Android и iOS
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.