BBgEudf.img

Microsoft денеска ги претстави групата на MSN апликации, досега достапни на Windows 8 и Windows Phone, за корисниците на останатите платформи, односно Android, iOS, па дури и Amazon уредите во нивната посебна продавница за апликации.

Доколку се следи новата политика на компанијата под водство на веќе и не толку новиот Satya Nadella, оваа вест целосно се вклопува со истата. Поради, може слободно да се каже, не толку навременото прилагодување на новите пазарни услови и производи, Microsoft се доведе во позиција да нивните платформи не се веќе најмногу користените.

Поради тоа, новиот директор ја најави својата нова политика на mobile first, cloud first принцип на работа кој што вклучува достапност на сервисите и производите од компанијата за што повеќе корисници. Тоа може најдобро да се постигне доколку овие сервиси се достапни и на конкурентните платформи кои што сега често имаат повеќе корисници од тие на Microsoft.

Апликациите, кои што Microsoft ги ребрендирa од Bing во MSN, ги вклучува MSN News, Weather, Sports, Money, Health & Fitness и Food & Drink. Сите овие апликации сега се достапни за корисниците на трите горенаведени платформи и можат да се симнат преку соодветните продавници за апликации. Weather е единствената апликација која што веднаш не е достапна за iOS, но стои дека истата ќе биде наскоро.

Инаку, апликациите нудат можност за поврзување со Microsoft сметка, па сите прилагодувања кои што ќе ги направите, како на пример извори за вести или спортски тимови кои што ги следите, ќе бидат пренесени и синхронизирани и на другите платформи.

Извор: MSN, TechCrunch

Претходна статијаПрестанува производството на нови Nexus 5 уреди
Следна статијаMicrosoft закажа Windows 10 настан на 21-ви Јануари 2015
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.