Windows-10-Invite

Microsoft денеска официјално почна да испраќа покани до медиумите за настан кој што го закажа за 21-ви Јануари идната година. На овој настан, кој што во поканата е наречен Windows 10: Наредното поглавје, треба да бидат презентирани повеќе информации поврзани со корисничката страна на оперативниот систем.

Windows 10 беше првпат прикажан на 30-ти Септември, меѓутоа иако е достапна тест верзија, доста информации околу што се ќе вклучува беа оставени за подоцнежната фаза од неговиот развој. До сега можевме да видиме доволно информации за тоа во кој правец ќе се движи неговиот развој, меѓутоа како што најавуваат од компанијата, има уште доста што треба да видиме.

На настанот ќе бидат присутни и ќе говорат директорот Satya Nadella, како и Terry Myerson, Joe Belfiore и Phil Spencer. Сите кои што сакаат да го следат настанот, тоа ќе може да го направат во живо преку веб, а линкот до стримот ќе биде дополнително објавен.

Повеќе информации за тоа што точно ќе биде претставено на овој настан, се разбира, нема. Она што сепак се очекува е да бидат прикажани сите работи кои што досега беа развивани со помош на корисниците, како и како ќе изгледа овој систем на другите уреди покрај десктоп.

Windows 10 треба да биде направен да работи на било кој уред, па се очекува и целосна промена на системот и за телефоните и таблет компјутерите.

Извор: Microsoft

Претходна статијаMSN апликациите од Microsoft достапни за корисниците на Android и iOS
Следна статијаNSA прислушкувала 70% од светските телекомуникациски мрежи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.