nsa-can-access-smartphone-data-700x459

Како дел од низата на шпионирачки скандали во кои главен актер е NSA, откриен е уште еден начин на кој што тие ги шпионирале телекомуникациските оператори ширум светот, со цел да бидат чекор понапред од стандардите на енкрипција кои тие компании сакале да ги воведат во своите мрежи.

The Intercept објави извештај во кој се открива дека оваа операција на NSA се нарекува AURORAGOLD, а како дел од операцијата била набљудувана емаил комуникацијата помеѓу најголемите телекомуникациски компании во светот, се со цел да се навлезе во мрежите на најголемите мобилни светски оператори.

Во текот на операцијата, успешно биле „провалени“ 701 од околу 985 мобилни мрежи во светот. Ова NSA го сториле со прислушкување на приватната комуникација на клучни работници во индустријата за да се добие пристап до нивната техничка документација како и клучевите за енкрипција преку кои добиле пристап и до телефонските повици остварени помеѓу тие компании.

Според овие информации, NSA сакале тајно да предизвикаат пропусти во комуникациските системи на телеком операторите, со цел да можат истите да ги искористат во иднина за остварување на своите цели: набљудување на комуникациите на лицата кои ги сметаат за осомничени со цел да спречат терористички дејствија.

Сепак, ваквите пропусти не им одат во полза единствено на разузнавачките служби, туку и на останати малициозни чинители, кои би можеле сериозно да им наштетат на корисниците на тие мрежи, доколку ги експлоатираат ваквите пропусти.

Дури и ако ви се допаѓа како работи NSA и велите дека немате ништо да сокриете, треба да бидете против политиката со која се воведуваат слабости во безбедноста, затоа што кога NSA ќе предизвика слабост, ранливост, таа ранливост нема да биде експлоатирана само од NSA.” – Карстен Нол, истражувач за безбедност.

На сличен став е и Мико Хапонен, експерт за безбедност од Финска, кој вели “Кога тие ќе започнат да воведуваат нови пропусти, тоа влијае на секој кој ја користи таа технологија; тоа не прави сите нас помалку безбедни.”

Примарна цел на NSA била ГСМ Асоцијацијата со седиште во Велика Британија, која меѓудругото, соработува со Микрософт, Фејсбук, Самсунг и други компании кои ја сочинуваат мрежата од 800 телекомуникациски и интернет компании ширум светот кои членуваат во ГСМ групацијата. Како што покажува мапата која можете да ја погледнете на овој линк, NSA практично имала пристап до телекомуникациските мрежи на операторите во речиси секоја земја во светот.

Доколку сметате дека ние не сме засегнати во целата оваа приказна, тогаш погледнете ја убаво мапата и обидете се да ја пронајдете географската точка каде што се наоѓа нашата земја. Вашиот став ќе биде променет.

Претходна статијаMicrosoft закажа Windows 10 настан на 21-ви Јануари 2015
Следна статијаНајпопуларните апликации, игри и друга содржина на Play Store за 2014