satya-nadella-microsoft-msft-7135

Гигантот Microsoft полека, но сигурно се буди од хибернација и го фаќа чекорот со другите конкуренти, а за тоа доказ се мноштвото новитети што ни ги презентираше оваа година.

Слободно може да кажеме дека новиот главен човек Satya Nadela сака со неговото прогресивно размислување и работење да остави голем печат врз компанијата и нејзината иднина.

Редизајнираната почетна страница на компанијата, MSN.com беше претставена во септември како бета и дури сега е официјалниот изглед на Microsoft.

Визуелното освежување доаѓа на сите верзии од оперативниот систем Windows, а сите корисници на Windows Phone 8.1 ќе можат тоа да го забележат преку апликациите Food & Drink, Sports, Weather и останатите досега наречени Bing апликации. Од друга страна единствено нешто што целосно се менува е Bing Finance и тоа во MSN Money.

Screenshot_3

Новата страница со содржини ќе биде освежена со вести шриум светот, нешто што Yahoo доста успешно го направи со неколкуте апликации и редизајнот.

Она што засега нема да се промени е името на пребарувачот Bing, а сервисот ќе има второстепена функција да служи како поддршка кога станува збор за пребарување и да нуди таканаречени интелигентни искуства преку Cortana.

Microsoft веќе некое време се бори со сопствените демони за едно име на повеќе платформи. Очигледно во минатото на Ballmer името MSN баш и не му се допаднало премногу за да стане унифициран бренд. Меѓутоа како што компанијата еволуира и се шири кон хардвер мора да размислува за едно име. Тука е секако и купувањето на Nokia и постепеното преименување на телефоните Nokia.

microsoft_store-100015179-orig

Ажурирањата на апликациите нудат само неколку визуелни измени меѓутоа корисниците исто така ќе добијат неколку додатоци.

Таков е случајот со MSN Health & Fitness и Weather. Она што е ново со овие апликации е прикажувањето на податоци на заклучен екран. Иако можеби екосистемот на Microsoft делува позатворено од другите поради фактот што на некои уреди и верзии на Windows (како што е случајот со Windows Phone) не може да се инсталираат сервисите на Google, компанијата информира дека во изработка е цела низа на апликации MSN за Android и iOS.

Извор: TechCrunch

Претходна статијаПостигнат е подалечен пренос на информација користејќи ги принципите на квантната механика
Следна статијаНема губитници од делбата на PayPal од eBay