gsmarena_001

Американскиот производител, кој сега е под капа на Lenovo, претстави три нови паметни телефони од високата и средната класа. Промените во однос на претходниците не се премногу големи, но се чини се доволни за да се задржат на високите позиции, особено благодарение на ниските цени.

Новиот Moto X, моделот од високата класа, сега ќе биде достапен во две изведби. Помоќната верзија, Moto X Style, има 5,7 инчен екран со Quad HD резолуција, што го прави директен конкурент на Samsung Galaxy Note и iPhone 6 Plus.

MotXPure-Lite-PDP-Hero-Desktop4exxd6ep_678x452

Во внатрешноста, вграден е шест – јадрениот процесор на Qualcomm, Snapdragon 808, помогнат од 3 GB рам меморија и три можности за простор за складирање податоци – 16, 32 и 64 GB. Секако, има можност и за проширување со micro SD картичка. Солиден капацитет има и батеријата со 3000 mAh, иако во класата конкурентите веќе нудат поголеми батерии.

Голем напредок има и кај камерите, кои сега имаат 21 мегапиксели (задна) и 5 мегапиксели (предна). Задната камера има леќа со бленда f2.0, која треба да овозможи почисти слики навечер, додека на предната камера има блиц, за подобро осветлени селфија во истите услови. Секако, достапно е и снимање на 4K видеа. Како и своите претходници и за овој Moto X ќе бидат достапни стотици различни капачиња за задниот дел, со цел поголема персонализација.

Послабата изведба на Moto X ќе се вика Play и ќе има 5,5 инчен екран со 1080p резолуција. Во внатрешноста ќе работи Snapdragon 615 процесорот, помогнат од 2 GB рам меморија и простор за складирање на податоци од 16, односно 32 GB, со можност за проширување со micro SD картичка.

gsmarena_007

Иако послаб во перформансите, овој телефон ќе има многу поголема батерија, од 3630 mAh, која треба да му овозможи прилично долго траење со едно полнење. Како и кај поскапиот модел и тука камерите имаат 21, односно 5 мегапиксели, со таа разлика што нема блиц за предната камера. Цените на новите Moto X изнесуваат 399 долари за моделот Style, односно 299 долари за моделот Play, што е многу помалку од главните конкуренти во високите класи.

Третиот модел кој беше претставен е новиот Moto G, телефон од средната класа, кој нуди солидни перформанси по многу ниска цена од само 179 долари. Телефонот има 5 инчен екран со резолуција од 1280х720 пиксели и работи со Snapdragon 410 чипсет. Достапни ќе бидат модели со капацитет од 16 GB и 1 GB рам меморија и 32 GB и 2 GB рам меморија. Камерите имаат 13 и 5 мегапиксели, додека батеријата има капацитет од 2470 mAh. Адут во ракавот на Moto G ќе биде и отпорноста на вода, до 1 метар длабочина, максимално 30 минути.

gsmarena_003

Сите нови модели на Motorola ќе ја имаат најновата верзија на Android Lollipop, 5.1.1. За разлика од многу од конкурентите, тука нема дополнителен скин над оперативниот систем, што му овозможува прилично брза и течна работа. Исто така, ова значи дека надградбите на понови верзии ќе се добиваат многу порано, скоро како кај Nexus телефоните.

Извор: GSM Arena (1), (2), Android Central

Претходна статијаYouTube на Android почна да ги прикажува вертикалните видеа на цел екран
Следна статијаSamsung ќе го претстави новиот Note 5 на 13-ти Август?