Motorola продолжува со развојот на еден од своите најпознати модели на смартфони, RAZR. Нова верзија од овој телефон кој се преклопува по ширината на екранот, како стариот и познат RAZR, ќе видиме и оваа година.

Информацијата доаѓа директно од директорот на Lenovo, во чија сопственост е брендот Motorola изминатите години. Тој не открива многу информации, па покрај тоа што новиот RAZR може да се очекуван наскоро, Јуанкинг Јанг додава и дека оваа верзија ќе биде доста подобра и ќе има подобрен механизам за преклопување.

Иако кај овие уреди механизмот за преклопување е доста важен, сепак подобрувањето кај годинешниот RAZR се очекува да биде кај надворешниот екран. Доколку неофицијалните информации се покажат како точни, малиот екран кој се користи кога уредот е затворен, оваа година нема да биде баш така мал.

Овој екран кај Motorola, како и кај конкурентите, обично се користи за гледање на информации и евентуално сликање со задната камера. Доколку тој е голем скоро колку половината од телефонот, екранот би имал нешто поголема функција, како што можевме да видиме пред недела дена.

На MWC 2023 Lenovo прикажа и два интересни концепт уреди кои имаат екрани кои се одмотуваат и издолжуваат по вертикалата на уредот. Прикажан беше смартфон, но и лаптоп кој од стандарден се претвора во доста поголем екран.

ИЗВОРXDA-Developers
Претходна статијаАлтернативата на Twitter, Bluesky, од ко-основачот на Twitter, достапна во ограничена бета верзија
Следна статијаSony ја претстави својата линија на телевизори за 2023
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.