Купувањето на Twitter од страна на Елон Маск направи да се зголеми популарноста на неколку алтернативни мрежи кои се доста слични на Twitter. На развојот на една таква мрежа работи и поранешниот директор на Twitter и ко-основач на компанијата. Џек Дорси.

Апликацијата за новата мрежа е пуштена на App Store и корисниците можат да се регистрираат на листата за чекање, па да добијат пристап до бета верзијата. Мрежата е наречена Bluesky и интересно, нејзиниот развој е започнат во Twitter во 2019 година додека Дорси уште беше директор на компанијата.

Истата почнува да функционира како посебна компанија во 2021 година и продолжува да добива поддршка од Дорси.

Во оваа фаза не секој може да се најави на апликацијата, но пуштањето на можноста за регистрација укажува на скорото пуштање на мрежата за сите корисници.

На прв поглед Bluesky изгледа скоро исто како Twitter, но разликата се во суштината на функционирањето на апликацијата. Слично како алтернативата на Twitter која доби голема популарност изминатите месеци, Mastodon, Bluesky е децентрализирана мрежа.

Ова значи дека секој може да направи посебен сервер преку кој ќе функционира апликацијата, со посебни правила и начин на функционирање. Со тоа нема едно централно место од каде се одлучува што може, а што не да се објавува, па со тоа треба да се реши проблемот на, кратко кажано, цензура од големите компании.

Корисниците од различните сервери можат да се следат и да комуницираат помеѓу себе, што значи дека сите корисници на мрежата можат да имаат интеракција.

Bluesky нема да го користи истиот отворен протокол за друштвени мрежи кој се користи кај Mastodon, па од компанијата имаат развиено сопствен протокол. Истиот е наречен AT, односно Authenticated Transfer.

Тоа што навистина не интересира е да видиме дали ваквите мрежи ќе добијат поголема популарност во иднина, односно дали се иднината на друштвените мрежи.

Регистрирањето на листата за чекање е достапно на страната од мрежата, односно на овој линк.

ИЗВОРTechCrunch
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаNothing Phone (2) ќе биде претставен оваа година и ќе работи на Snapdragon 8 чип
Следна статијаMotorola ќе претстави нов RAZR оваа година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.