Фото: Shutterstock.com

Дали многу почесто ви излегуваат Twitter објавите на Елон Маск, некогаш дури и една по друга ? Според информации од Platformer ова не е случајно. Маск наводно не бил задоволен од падот на популарноста на неговите објави, па побарал да се види која е причината за тоа.

Уште поинтересно, според информациите, Маск почнал да реагира на оваа тема по многу поголемата популарност на објавата од претседателот Џо Бајден за натпревар во американски фудбал, која добила 29 милиони прегледи. Објавата на Маск, пред да ја избрише стигнала до 9,1 милиони прегледи.

Братучедот на Маск, Џејмс Маск, испратил итна порака до вработените во компанијата на кои им било кажано да се истражи причината за падот на популарноста на објавите на Маск.

Наводно, посебен код бил додаден да објавите од Маск бидат направени како да се многу популарни, а поради тоа и почесто се прикажуваат, така функционираат алгоритмите на друштвените мрежи. Зголемувањето на популарноста била направена за 1000 пати, наводно, но сега истата е намалена до непозната бројка.

Дека нешто се случува на овој план во Twitter може да се каже дека и самиот Маск го потврди. Тој објави слика „меме“ од две девојки од кои едната со сила и дава да пие млеко на другата. Текстот кој е ставен кај девојката која го држи млекото е „објавите на Маск“, а кај другата „Twitter“.

Факт е дека пред и по преземањето на Twitter Маск доби огромна популарност, но не треба да се очекува дека корисниците нема да барем малку се заситат од него.

ИЗВОРEngadget
Претходна статија1Password воведува најавување на апликацијата без користење лозинка
Следна статијаНовиот Bing почнува да им станува достапен на корисниците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.