Nothing Phone (1) беше претставен минатата година во јули, по неколкуте месеци на посебни најави од страна на основачот на компанијата, Карл Пеи, кој е и ко-основач на OnePlus. Иако мора да се признае дека се работи за нетипичен смартфон, сепак не донесе некоја посебно голема новина на пазарот, кој е монотон и неиновативен, според Пеи.

Во рамките на MWC 2023 саемот за технологија, Пеи го потврди претставувањето на Nothing Phone (2) за подоцна оваа година, а најави и подобрување на перформансите, нешто што е едно од поголемите барања на корисниците.

Најавата беше направена заедно со Qualcomm и беше најавено дека Phone (2) ќе работи на подобар чип од компанијата, поточно од Snapdragon 8 серијата. Не е дадена дополнителна информација, па можеме само да претпоставиме.

Сепак, штом е потврдена серијата, но не и чипот, очекувано е да се работи за Snapdragon 8+ Gen 2, чип кој се’ уште не е претставен, а со оглед на тоа што телефонот се очекува подоцна во годината, овој чип ќе биде најнов во тој период.

Користењето на најдоброто на пазарот ќе направи да Nothing Phone (2) биде од највисоката класа, за разлика од првиот модел кој беше од средната класа и го користеше Snapdragon 778G+ чипот.

Оваа промена во карактеристиките може да значи и повисока цена, за телефонот кој се продава по цена од 469 до 499 евра, но ќе видиме колку повисока кога ќе биде претставен.

Претходна статијаНајновата верзија од PowerToys донесува две нови алатки
Следна статијаАлтернативата на Twitter, Bluesky, од ко-основачот на Twitter, достапна во ограничена бета верзија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.