Lenovo на MWC 2023 настапи со два концепт уреди кои уште не се достапни во финална форма кој би им била достапна на корисниците. Уредите се со екрани кои се намотуваат кои се’ уште скоро и ги нема кај производите на пазарот.
Достапни се смартфон и лаптоп компјутер со екран кој се одмотува и намотува, а со тоа се менува и неговата големина, како и форматот.
Во случајот со лаптопот форматот е нестандарден, па се поставува прашањето на кого би му користел, корисниците обично се научени на екрани кои овозможуваат поставување на повеќе прозори од страните. Во овој случај се работи за екран кој од 12,7 инчи, се одмотува во екран со 15,1 инч, односно од 4:3 во 8:9 сооднос кој кратко кажано е „висок“.
Одличниот MrMobile, односно Мајкл Фишер, е присутен на штандот на Lenovo, па во продолжение можете да го погледнете видеото каде ги разгледува овие концепт уреди од компанијата.