Додека го гледавме претставувањето на телевизорите за оваа година од повеќето други производители, Sony се реши да го прескокне CES 2023 настанот во Лас Вегас, па дури сега да ги претстави нивните.

Сега конечно ги имаме и телевизорите од Sony за 2023, па тие што се размислуваат за промена на нивниот телевизор, можат да добијат точна претстава за што е тоа што се нуди на пазарот.

Новата линија на Sony е составена од четири телевизори и еден „soundbar“. Телевизорите ги вклучуваат X95L Mini LED, X90L Full Array LED, A95L QD-OLED и A80L OLED, додека новиот soundbar е HT-2000.

Како и секоја година, целата нова линија доаѓа со подобрен процесор, кој не е целосно нов и уште е наречен Cognitive Processor XR. Подобрувањето ја донесува новата XR Clear Image технологија која овозможува подобрување кај намалувањето на шумот на сликата, како и чистината при движење на објектите.

Дополнително, XR процесорот овозможува подобрена слика кај моделите кои не се OLED со подобра контрола на позадинското осветлување, локалните зони на затемнување и тргање на осветлувањето на дел од екранот само поради еден мал објект, на пример.

Големината на екраните кај новите модели е следната:

  • X95L 4K HDR Mini LED TV (85”, 75”, 65”)
  • X90L 4K HDR Full Array LED TV (98”, 85”, 75”, 65”, 55”)
  • A95L 4K HDR QD-OLED TV (77”, 65”, 55”)
  • A80L 4K HDR OLED TV (83”, 77”, 65”, 55”)

Новите телевизори доаѓаат и со подобрена поврзаност со PlayStation 5, нешто што е очекувано. Подобрувањата донесуваат Auto HDR Tone Mapping, Auto Genre Picture режим кој се прилагодува на телевизорот и содржината од конзолата, како и ново Game Menu преку кое корисниците ќе можат да вклучуваат и исклучуваат функции како VRR и слични.

Сите достапни детали кај новата линија на Sony телевизори за 2023, за тие кои навистина се разбираат, се достапни на овој линк, а во продолжение можете да го погледнете и официјалното видео од најавата.

За цените на уредите, ќе почекаме уште некое време.

ИЗВОРTechHive
ИЗВОР 2Sony
Претходна статијаMotorola ќе претстави нов RAZR оваа година
Следна статијаНовиот Bing доби избор за стилот на одговорите кои ги дава
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.