6SPlus-HandsOn-06-970-80

Новите iPhone-и може донесоа големи подобрувања, како на пример 3D Touch и моќниот А9 процесор, но од друга страна и беа уназадени во неколку делови, а особено во капацитетот на батериите.

Имено, новиот iPhone 6S Plus има батерија од 2750 mAh, споредено со 2915 mAh на iPhone 6 Plus, што и покрај тоа што новиот процесор е поштедлив од претходникот, придонесе за послабо траење на батеријата.

Бидејќи ова е една од најголемите слабости на iPhone уште од првиот модел, Apple најверојатно конечно ќе се реши да вгради поголема батерија во наредниот iPhone, односно како што велат новите информации од Кина, батеријата во iPhone 7 Plus ќе има 3100 mAh. Ова не е големо подобрувања, но е веројатно доволно поради подобрувањата кои треба да ги донесе новиот A10 чип на Apple во поглед на намалување на потрошувачката на енергија.

Покрај поголемата батерија, новиот модел би требало да донесе опција и со 256 GB простор за складирање податоци. Сепак, она што корисниците на Apple секако сакаат да го чујат е дека ќе биде исфрлен моделот со 16 GB простор, кој е скоро бескорисен во денешно доба, особено бидејќи iPhone моделите немаат слот за micro SD картичка. Од друга страна, доколку новиот iPhone почнува со модел со 32 GB, тоа сигурно би ја покачило цената на почетниот модел, што е лошо за конкурентноста на телефонот на пазарот.

Сите овие подобрувања секако треба да се земат со задршка – неодамна имаше информации дека новите iPhone-и ќе бидат уште потенки, што е противно на вградувањето на поголема батерија. Исто така, новите модели би можеле да имаат и куќиште кое ќе биде целосно изработено од метал, односно на кое нема да ги има пластичните делови од антените, а згора на тоа ќе бидат и отпорни на вода.

Сепак, бидејќи телефоните ќе бидат лансирани на есен, би рекол дека ова се повеќе нагаѓања, отколку вистински поддржани информации… Како и да е, ние сме секогаш подготвени да Ве известиме навремено со сите нив. Сепак се работи за најпосакуваниот телефон на планетата!

Извор: MacRumors, 9to5 Mac, TechRadar

Претходна статијаMicrosoft ќе ги известува своите корисници кога се сомнева во напад на сметките од страна на властите
Следна статијаBoomStick е уред кој ќе го подобри квалитетот на звукот на вашите слушалки