Gigaset-ME-range-970-80

Со оглед на тоа колку многу нови играчи на смартфон сцената доаѓаат скоро секојдневно, ова мора да е прилично профитабилен бизнис. Gigaset, кој досега беше познат по фиксната телефонија, лансира три Android паметни телефони од средната и високата класа.

Германскиот производител не донесува ништо ново, но барем телефоните имаат одлични спецификации и коректна цена, како и ветување за висок квалитет, бидејќи сепак доаѓаат од Германија, нели. И за многумина важно, телефоните многу потсетуваат на iPhone.

Достапни се три различни уреди, два со 5 – инчен екран и еден со 5,5 инчен екран. Gigaset ME Pure и Gigaset ME се помалите уреди, од кои првиот има послаби перформанси и цена од 249 фунти, додека вториот е доста помоќен и има цена од 349 фунти.

Разликата е првенствено во процесорот, кој кај моделот ME Pure е Snapdragon 615, додека кај помоќниот е Snapdragon 810. Поскапиот уред има и 3 GB рам меморија, за разлика од 2 GB кај поевтиниот, 32 GB простор за складирање податоци, наспроти 16 GB, како и камера од 16 мегапиксели, за разлика од 13. И двата модели имаат дисплеи со Full HD резолуција и имаат простор за micro SD картичка.

Најдобриот модел, Gigaset ME Pro, има 5,5 инчен екран со Full HD резолуција и е скоро подеднаков во однос на моделот ME, освен тоа што има камера со 20 мегапиксели. Предната камера има 8 мегапиксели, што е исто како кај другите два телефони, со леќа со широк агол која без проблем ќе ги фати и сите ваши пријатели за групно селфи. ME Pro чини 399 фунти.

Сите телефони доаѓаат со вграден Android Lollipop 5.1.

Извор: Tech Radar

Претходна статијаПрви информации за новиот телефон на Nokia!
Следна статијаАкадемиите на Seavus најавуваат втор Challenge Day – Натпревар за целосни стипендии