Challenge Day 2 cover

Непосредно пред почетокот на Академската година Seavus Едукативниот и Развоен Центар го најавува вториот по ред Challenge Day – натпревар за откривање на најперспективните инженери, програмери и дизајнери.

Целта на натпреварот е доделување на 3 целосни стипендии за најдобрите потенцијални студенти, по една за секоја од Академиите, Академија за дизајн, за компјутерски мрежи и програмирање.

Настанот ќе се одржи утре, 11.09.2015 год. (петок), со почеток во 10.30 часот во креативен, предизвикувачки и иновативен амбиент на Seavus Едукативен и Развоен Центар. Имено, освен тестирањето, овој пат учесниците ќе имаат можност да ги слушнат инспиративните и мотивирачки обраќања на тренерите и успешните студенти на академиите, инаку експерти во својата област, Хајан Селмани, Радмила Симеонова и Иво Бранковиќ.

Последен рок за пријавување за Challenge Day натпреварот е до крајот на денешниот ден на следниот линк: https://goo.gl/VMHkt0

Повеќе информации за настанот на: https://www.facebook.com/events/1067176996633293/

Побрзајте и освојте целосна стипендија!

Претходна статијаGigaset е нов производител на смартфон сцената, почнува со три нови модели
Следна статијаApple го претстави iPad Pro со додатна тастатура и пенкало