blackberry-venice-tinhte

BlackBerry реши да им стави крај на сите шпекулации кои што можеме да ги видиме во редовна доза и потврди дека работат на паметен телефон кој што ќе работи на Android, наместо на нивниот BlackBerry OS.

Потврдата доаѓа како дел од објавувањето на финансиските резултати на компанијата за втората четвртина од годината, како и директно од главниот директор на компанијата Џон Чен.

Од компанијата исто така потврдија дека телефонот ќе доаѓа со познатиот „слајдер“, односно со посебна физичка тастатура која што ќе биде поставен зад екранот и ќе се отвора со нејзино лизгање. Со ова корисниците ќе го добијат познатото BlackBerry корисничко искуство, нешто по што телефоните од оваа компанија беа навистина познати.

Името на уредот, кое што беше објавено од страна на evleaks, исто така беше потврдено, како и неговото значење. BlackBerry Priv ќе се вика уредот, а името треба да асоцира на подобрените функции за приватност по кои што е позната оваа компанија, односно нејзините постари модели.

Развојот на посебен уред кој што ќе работи на Android не значи и прекин во развојот на нивниот BlackBerry оперативен систем. Од компанијата потврдија дека неговиот развој продолжува, а корисниците сега ќе имаат поголем избор со можноста за избор и на оперативен систем при купување на уреди од нив.

Денеска ги потврдувам нашите планови да го претставиме Priv, Android уред именуван по наследството на BlackBerry и основната мисија на заштита на приватноста на нашите корисници. Priv ги комбинира најдоброто од безбедноста и продуктивноста на BlackBerry со растечкиот екосистем на апликации достапен на Android платформата.

Извор: Android Central, VB

Претходна статијаLG спрема паметен телефон со двоен дисплеј
Следна статијаЕ, волку ќе ве убие
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.