lg-v10-tenaa

Да појасниме уште веднаш, бидејќи фотографиите може да ве збунат – вториот дисплеј се наоѓа над нормалниот напред, односно до предната камера и сензорите. Ќе има функционалност слична на краевите на Samsung Galaxy Edge серијата на телефони, а треба да пристигне на 1 Октомври.

Вториот дел на дисплејот ќе биде асиметричен, односно нема да оди до крај, како обичниот, кој има 5,7 инчи и QHD резолуција. Ова значи дека ќе има специјална намена за покажување на посебни нотификации, како и дел каде ќе се лансираат некои апликации, односно ќе може да се стават контакти. На видеото подолу е обрнато внимание токму на асиметричноста на телефонот – изгледајте го и веднаш ќе ви стане јасно како работи.

LG V10 инаку најверојатно ќе биде телефон од повисоката класа и ќе има моќни внатрешни компоненти (Snapdragon 808, 3 GB рам). Изработката ќе биде слична како на LG G4, а истото важи и за надворешниот дизајн.

Колку ќе може пак овој „асиметричен“ дисплеј да придонесе за да се одвои од толпата, останува да видиме. Концептот делува интересно, но со асиметричниот изглед напред, телефонот на LG реално заостанува за посебноста на Galaxy Edge серијата на Samsung, која покрај додадената функционалност, изгледа и многу привлечно однадвор.

Да потсетиме, LG веќе има целосно „заоблен“ телефон во гамата, LG G Flex 2, кој е исто така и флексибилен, што го прави многу отпорен на виткање, односно секогаш се враќа во почетната состојба.

Извор: Engadget, GSM Arena

Претходна статијаVertu Signature Touch – Супер моќен, мега луксузен, чини 9.900 долари!
Следна статијаBlackBerry ги потврди плановите да претстави Android телефон наречен Priv