camera-970-80

Apple само што потврди дека ја има купено LinX (компанија која се бави со производство на специјални сензори за паметни уреди) со цел да ја подобри камерата на iPhone 7 до ниво на DSLR фотоапарат.

Претпоставките велат дека Apple има платено околу 20 милиони долари за да ја купи Linx, но дали тоа ќе биде доволно за да ги достигнат нивоата на квалитет на фотографија што еден професионален фотоапарат може да понуди?

Реално, предноста што професионалните фотоапарати ја имаат пред сите други е големината на сензорот, напредната технологија на изработката на сензорот, квалитетот и изборот на објективи.

Кога сме веќе кај сензорот, големината на сензорот на професионален DSLR е 36mm x 24 mm, додека iPhone 6 (за кој Apple исто така се фалеше дека ќе има DSLR квалитет на фотографија) е со големина од 4.8 mм х 3.6 mm. Односно, DSLR сензорот е доволно голем да собере 50 iPhone 6 сензори. Што значи доколку DSLR сензор со иста резолуција колку iPhone 6 се ставени во исти услови, DSLR сензорот ќе собере 50 пати повеќе светлина бидејќи секој пиксел ќе биде 50 пати поголем.

Доколку целата фотографија би била DSLR сензор, црвеното квадратче е размерната големина на iPhone 6 сензорот во споредба со DSRL сензор.
Доколку целата фотографија би била DSLR сензор, црвеното квадратче е размерната големина на iPhone 6 сензорот во споредба со DSRL сензор.

Големината на сензорот исто така го одредува полето на фокус и длабочината на истото, па така доколку сакате убава заматена позадина на вашите фотографии iPhone 6 (па ни iPhone 7 доколку користи слична големина на сензорот) нема да ви помогне толку многу.

Сепак, не може да кажеме дека камерата на iPhone 6 е лоша, како за паметен уред е одлична. Доколку iPhone 7 направи драстични подобрувања тогаш тоа би било уште подобро, но сепак дека ќе достигне квалитет на DSLR апарат е само маркетиншки трик. Моментално Canon 30D, произведен во 2006 (тоа е пред 9 години) сè уште е способен да произведе поквалитетна фотографија од iPhone 6.

Извори: TechRadar, Cameradebate

Претходна статијаSwiftKey бета го подобрува корисничкиот интерфејс
Следна статијаЗаработката на Apple од iPad опаѓа