IMG_4933-1024.0.0

Последните извештаи покажуваат дека iPad не се продава толку добро колку што се очекуваше, всушност Apple прави поголеми заработки од Mac отколку што заработува на iPad.

Реално ова се очекуваше бидејќи подобрувањата помеѓу претходната генерација и моменталната не се многу големи, па така многу од корисниците едноставно немаат потреба да го купат новиот модел кога стариот сеуште добро функционира.

Истата судбина го очекува Macbook Retina, со оглед на тоа што перформансите се всушност послаби од претходната верзија и единствена разлика е подобрениот дисплеј и тоа што е потенок. Дополнително, корисниците се незадоволни од фактот што има само еден USB порт.

За среќа на Apple, iPhone и Apple Watch се продаваат одлично со тоа што профитот заработен до сега се должи главно на iPhone со 55% од заработката.

Tim Cook изјавува дека проблемот со iPad е таков каков што е, и не може да се направи ништо освен да се почека да помине. Вакви проблеми Apple имале и претходно така што веќе имаат искуство во справување со истите.

Извори: The Verge, Apple Insider

Претходна статијаApple купува технологија за подобрување на камерата на iPhone 7
Следна статијаMicrosoft патентира технологија која го забележува расположението на луѓето