swiftkey-hub-press

Со оглед на тоа што SwiftKey има повеќе од 10 милиони преземања, и тоа само на Android платформата, може да се каже дека е една од најпопуларните тастатури за паметните уреди. Со тоа што нуди опции за пишување со допирање или лизгање врз буквите и паметен систем за предвидување на зборовите кои ги пишувате SwiftKey брзо се најде на поголемиот дел од паметните уреди.

SwiftKeyKeyboardforAndroid-SwiftKeyHubSwiftKeyStoreПоследната бета верзија на SwiftKey ги преместува опциите и содржините во SwiftKey Hub. Претходно за да ги пристапите опциите требаше да го држите копчето „123“, сега SwiftKey Hub е убаво сместен на просторот за предвидување зборови, така што пристапот е поедноставен и полесен, додека внатрешната организација на SwiftKey Hub е подобрена во споредба со претходниот протсор за Опции. Организациајта сега е поделена во три секции каде што секоја од нив може да се пристапи со допирање врз соодветната икона.

Дополнително, сега SwiftKey го олеснува пишувањето во Хинди, Тамил и неколку други јазици со нови адаптирачки распореди на карактерите.

Извори: Swiftkey, Androidcentral

Претходна статијаGoogle во борба против експлоатирачите на патенти
Следна статијаApple купува технологија за подобрување на камерата на iPhone 7