Во истата недела кога Google ја најави новата функција кај YouTube Music за креирање на сопствена радио станица, конкурентот Spotify излезе со своја верзија на оваа можност.

Функцијата кај Spotify е едноставно наречена DJ и истата е замислена да функционира како личен „диџеј“ за корисниците. Тоа што посебно ја издвојува DJ функцијата е вештачката интелигенција од OpenAI, нешто што почнавме да го гледаме како се интегрира во многу други производи.

„Подготвени сте за сосема нов начин да слушате на Spotify и уште подлабоко да се поврзете со изведувачите што ги сакате? Диџејот е персонализиран водич со вештачка интелигенција кој толку добро ве познава вас и вашиот музички вкус што може да избере што да ви пушти.“ – истакнуваат од Spotify.

Како што може да се претпостави, диџеј функцијата е тука да ви пушти музика без да треба многу да размислувате што ви се слуша, а таа музика да е баш таа што ви со допаѓа. Со тек на време и давање на насоки на вештачката интелигенција, овие предлози за слушање ќе станат се подобри.

Spotify DJ не е само уште една од многуте „плејлисти“ кои ги има на сервисот и кои се направени врз основа на историјата на слушање. Поради вештачката интелигенција, а и луѓето во Spotify, се прави уште подобра листа на музика која се пушта.

Додатно, диџејот е направен со посебен глас кој додека се слуша музиката како и вистинските диџеи коментира и објаснува што следи и зошто е тоа избрано. Корисниците можат да му кажат на диџејот доколку нешто не им се допаѓа и со тоа да го подобрат своето корисничко искуство.

За почеток Spotify DJ е достапен во бета форма и само за корисниците во САД и Канада. Нема информација кога може да се очекува во остатокот од светот, а познато е дека им е достапен само на претплатниците, но не и на корисниците на бесплатната форма на апликацијата.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаNetflix ги намали цените во Македонија
Следна статијаApple сака нивниот часовник да се користи за следење на нивото на гликоза во крвта
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.