Марк Гурман од Bloomberg тврди дека Apple работи на развој на досега можеби една од најкорисните здравствени функции на Apple Watch. Според Гурман, мерење на нивото на гликоза, односно шеќерот во крвта, е нешто на кое од Apple работат уште од времето на Стив Џобс, поточно изминатите 12 години.

Оваа функција е стигната до ниво кога може да се каже дека е постигнат посериозен напредок, па може да се очекува да биде вклучена во некоја идната верзија од Apple Watch, во годините што следат.

Мерењето на гликозата во крвта не само што би била доста корисна функција за луѓето со проблем и можноста да се измерат вредностите без потреба од вадење крв, туку истата може да биде користена за предвремено предупредување на корисниците кои не ни знаат дека се во ризик да развијат дијабетес.

Причината поради која оваа функција толку долго се развива е што технологијата не е баш едноставна, а посебно ако се сака да се конкурира на малите мерачи кои ги користат дијабетичарите.

Системот кој наводно од Apple го развиваат користи ласери да емитува конкретни бранови должини на светлината во дел под кожата каде што се собира таканаречената интерстицијална течност. Ова е течноста која „истекува“ во мали количини од капиларите, а истата може да се апсорбира од страна на гликозата. Светлината од Apple Watch се одбива од оваа течност назад кон сензорот и врз основа на тоа се проценува концентрацијата на гликоза. Алгоритамот потоа ја завршува работата и проценува врз основа на овие мерки, колку би требала да е гликозата на корисникот во крвта.

Мали се изгледа шансите да се очекува оваа новина кај Apple Watch оваа година, а и кога ќе стане достапна ќе видиме дали ќе биде достапна и кај нас. ЕКГ функцијата се’ уште не е пуштена во нашата земја.

ИЗВОРThurrott
Претходна статијаSpotify DJ ја користи вештачката интелигенција од OpenAI за пуштање на музика која на корисникот ќе му се допадне
Следна статијаXiaomi 13 серијата станува достапна во Европа од идниот месец
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.