Фото: Shutterstock.com

Доколку сте корисник на Netflix веќе треба да ја имате добиено пораката од сервисот дека вашата месечна претплата се намалува. Не сме точно сигурни колкаво е намалувањето на останатите пакети, но на Premium e 2 евра. Тоа значи дека најскапиот пакет кој досега чинеше 12 евра, од 14ти февруари, па натака, ќе чини 10 евра месечно.

Додека чекаме кога од компанијата ќе почнат да наплатуваат за профилите кои не се од истото домаќинство, тие не изненадија со ваква одлука, која може и да е поврзана.

Друга причина за намалувањето, кое дојде во истиот ден, може да е поврзана со пуштањето на новиот стриминг сервис SkyShowtime кој има само еден пакет од 6 евра месечно, кој доколку се земе во промотивниот период ќе чини само 3 евра месечно, доста поевтино од Netflix.

Намалувањето на цените на Netflix не е само во нашата земја, а листата е прилично голема, па ги вклучува и Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Србија, Словенија, како и уште педесетина други земји во светот.

ИЗВОРXDA-Developers
Претходна статијаВидео платформата JW Player пристигна во Македонија
Следна статијаSpotify DJ ја користи вештачката интелигенција од OpenAI за пуштање на музика која на корисникот ќе му се допадне
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.