Фото: Shutterstock.com

YouTube Music доби можност корисниците малку подобро да го искористат и насочат одличниот алгоритам на сервисот и да креираат своја таканаречена радио станица. За разлика од досегашната можност да се избере некоја песна, па да се остави алгоритамот да предложува слични, новата функција овозможува повеќе избор.

Сега корисниците можат да изберат повеќе групи, односно изведувачи, па потоа да изберат колку сакаат овие групи да бидат избрани од алгоритамот, односно дали повеќе или помалку. Потоа се бира и колку непознати за корисникот песни да се пуштаат и на крај може да се изберат и неколку филтри за популарност, кога се пуштени песните и слично.

По „штелување“ на изборот, односно давање на насоки на алгоритамот, YouTube Music креира радио станица, односно „плејлиста“ и истата треба да е доста поблиску до вкусот на корисникот од било кои досега.

Оваа нова функција може да се најде на главната страна од апликацијата, во дел наречен „Create a radio“, „Your music tuner“. Се притиска на + копчето, па може да започне изборот.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Android Police
Претходна статијаСо екосистемот на Samsung паметните уреди претворете се во вистински фитнес ентузијаст
Следна статијаВидео платформата JW Player пристигна во Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.