Фото: Shutterstock.com

Покрај по изборот на содржина за гледање и фактот дека овој сервис е првиот кој ги популаризира ваквите сервиси, Netflix се познати и по користењето од повеќе корисници со една претплата. Ова се случува поради тоа што најскапата претплата овозможува креирање на четири различни профили за гледање, нешто што сепак од компанијата повеќе го имаат замислено како предност при гледање од истото семејство.

Минатиот месец можевме да прочитаме дека од Netflix сакаат некако да стават крај на оваа практика, па споделувањето на лозинката да се прави само помеѓу корисници кои навистина живеат заедно. Не беше баш јасно како од компанијата ќе ја изведат промената, а за истата се дозна од корисници кои почнале да добиваат известување и барање за верификација со добивање на код.

Сепак, изгледа ова нема да биде целосно воведено, барем на наскоро. Од компанијата истакнаа дека тие ќе продолжат да имаат „полабав“ пристап кон ваквата појава, па иако тоа не го кажаа баш директно, корисниците ќе можат да продолжат да го користат сервисот без проблем.

Доколку некогаш нешто се преземе околу оваа работа, од Netflix истакнуваат дека тоа би го направиле на начин кој би бил јасен за корисниците, односно би разбрале што и зошто се прави.

ИЗВОРTechHive
Претходна статијаSamsung сака старите Galaxy уреди да ги користите за креирање на паметен дом
Следна статијаMicrosoft работи на целосен редизајн на продавницата за апликации во Windows 10
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.