Microsoft никогаш не успеа нивната продавница за апликации на Windows 10 да ја направи место каде корисниците ќе одат за да ги побараат и инсталираат повеќето од апликациите кои ги користат на компјутерот. Наместо тоа, Microsoft Store е место каде во главно се прави надградба на неколку апликации од компанијата, а добар избор на квалитетни апликации не е нешто што е карактеристика за оваа продавница.

Главната причина за тоа може да се каже е слабата понуда на ARM уреди од производителите на PC компјутери, нешто што може да се каже дека е единственото кое ќе повлечеше повеќе програмери да развиваат и поднесуваат апликации во Microsoft Store.

Покрај тоа, правилата кои ги има поставено Microsoft дополнително ги демотивира програмерите кои слободно можат да продолжат да функционираат на стариот начин, односно со развој на класични апликации кои корисниците ги симнуваат од нивната страна.

Според информации од Windows Central, Microsoft планира целосен редизајн на продавницата за оваа година, од изгледот, па се до правилата за поднесување на апликации. Се очекува дека по редизајнот Microsoft Store лесно ќе може да стане централното место за откривање и инсталација на апликации.

Microsoft Store треба да добие целосно нов изглед којшто ќе биде повеќе во правецот на Fluent дизајнот од компанијата, нешто што се очекува и со поголемата надградба на Windows 10 оваа есен. Покрај Microsoft Store, повеќе други апликации од компанијата се очекува да добијат редизајн, а истото важи и за одреден делови од корисничкиот интерфејс на оперативниот систем.

Покрај целосно новиот изглед, Windows Central најавува и промени во правилата за апликациите во Microsoft Store. Според нив, Microsoft ќе почне да дозволува објава на win32 апликации без потреба од мала промена како што е сега случајот. Тоа значи дека сите „обични“ апликации ќе може сега да бидат достапни во Microsoft Store без потреба од програмерите да имаат дополнителна работа за нивно прилагодување.

Исто така, Microsoft ќе дозволи апликациите кои се инсталирани преку нивната продавница да може независно да се ажурираат, односно тие да продолжат да ги користат сопствените системи за ажурирање, без да мора да се користи Microsoft Store.

Уште една промена се најавува која ќе треба да ја олесни одлуката на програмерите дали да ја користат Microsoft Store, можеби ќе биде и прва ваква. Microsoft ќе дозволи апликациите да користат сопствени мрежи за реклами, а кај таквите апликации од компанијата нема да зимаат дел од приходите.

Windows Central најавува дека новата продавница треба да биде најавена наскоро на Build 2021 конференцијата, а како дел од Windows 10 ќе стане со надградбата од оперативниот систем оваа есен.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаNetflix ќе продолжи да го дозволува споделувањето на лозинките помеѓу корисниците
Следна статијаПротест на танцовите центри во земјата поради нивното затворање – танцот пред колапс, последиците несогледливи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.