Танцот е пред колапс, а 6000 деца се спречени од вршење на нивната омилена активност – танцувањето. 46 приватни танцови клубови во земјата, од вчера се приклучија на протестите поради нелогичностите при постапувањето на Владата со новите рестриктивни мерки, а кое опфаќа затворање на овие институции и спречено вршење на нивната дејност засега до 27.04.2021, а со веројатност за продолжување.

Иако последните изјави на Владата се однесуваа на финансиско компензирање на сите правни субјекти кои беа затворени во изминатиот период, како и лани, така и сега, танцовите клубови не фигурираат на списокот на субјекти кои ќе добијат надомест на штетата.

Танцовите клубови реагираат и бараат одговорност од Владата бидејќи ваквата одлука е во најмала рака некоректна и нецелосно промислена. Уште повеќе, нивната иницијатива ја повикува Владата на одговорност и бара образложение за причините поради кои нивните центри се затвораат.

Имено, во текот на изминатата година, танцовите клубови повторно беа први на списокот за затворање. По нивна макотрпна работа и соработка со танцови центри ширум Европа (Данска, Холандија, Хрватска, Словенија), следејќи го примерот на колегите, здружени самите создадоа протокол за работа кој беше одобрен по шест месеци од нивното затворање (март-септември).

Иако веќе претрпе големи штети без да биде компензирана, на стаклени нозе, танцовата заедница почна да заздравува. Во наредните седум месеци откако танцовите клубови повторно се отворија, од нив предложениот протокол се покажа целосно ефикасен. Всушност, во рамките на седум месеци работа, не се појави ниту еден случај на заболено дете, а уште помалку кластер и протоколот беше целосно испочитуван како од центрите, така и до членовите и нивните семејства, што вклучува навремено јавување при појава на случај на суспектен или заболен од КОВИД -19 во семејствата и изолирање на цели групи како претпазливост.

Танцовите центри во целост ја променија формата на своето работење, со ограничувања на бројот на деца во сала, комплетни процедури за дезинфицирање и вентилирање на просториите, скратување на работното време на половина – најмногу четири часа во денот, вклучување на паузи по секој час и обележување на просторот за движење и користење.

Во прилог усвоениот протокол за работа:

http://kultura.gov.mk/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB-%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%B0%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D1%82-%D0%B8-%D1%83%D1%81%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE/?fbclid=IwAR34ytyRGKj9rkfMMMp9YI3l5fPsWsYy0EUYtUW5Zra9flBwEGSMyxVcf7A

Оттука произлегува прашањето зошто воопшто танцовите центри се затвораат и зошто не се дискутираат можности за прилагодување на протоколите, како и можности за владина помош која ќе ги компензира барем делумно штетите кои ги трпи танцовата заедница ?

Во рамките на нивната иницијатива, се повикуваат на одговорност надлежните да ја препознаат важноста на психо-физичкото здравје кај младите, и директното позитивно влијание на танцот врз здравјето, растот и развојот на децата. Притоа, танцот балансирајќи помеѓу уметничките и спортските аспекти кои произлегуваат од спецификите на неговото изучување и изведување, создава поттикнувачки контекст за развивање на социјални вештини и позитивни вреднсти, како: солидарност, соработка, поддршка, тимски дух, заедништво, кои се неопходни за задржување на здрав дух во едни вакви тешки времиња.

Истовремено, незадоволството на танцовите центри е потсилено од фактот дека останатите спортски и уметнички активности во земјата не се спречени, иако голем дел од нив групни, па танцовите центри реагираат дека одлуката на Владата е селективна и дека во целост ги повредува нивните права.  

Во продолжение, на линкот може да го погледнете јавниот допис упатен до надлежните кој е објавен на нивната фејсбук страница https://www.facebook.com/tancovainicijativa/posts/108130598068332.


Видео од танцовите центри (приказ на спроведени протоколи и затворени сали):

Претходна статијаMicrosoft работи на целосен редизајн на продавницата за апликации во Windows 10
Следна статијаЗошто 5G може да им помогне на производителите да излезат од Ковид-кризата