Shutterstock.com

Една од работите по кои е познат Netflix е споделувањето на лозинката од сопственикот на сметката со други луѓе. На тој начин корисниците поминуваат поевтино, односно се плаќа само една претплата која ја делат луѓето кои се имаат договорено.

Според правилата на Netflix ова не е дозволено, односно од компанијата дозволуваат споделување на лозинката само со членови од семејството, иако не е јасно како тие тоа го контролираат, а до сега тие и немаат ништо преземено.

Најверојатно со големата конкуренција која сега е достапна и големите трошоци за оригинална содржина, Netflix сака тие што гледаат од нивниот сервис, за истиот да плаќаат.

Одредени корисници веќе добиваат известување дека тие не се сопственик на сметката и дека треба да пратат код за да можат да продолжат со гледање. Ова може да се каже и дека е повеќе поврзано со злоупотребата на сметките, а корисниците кои ја делат сметката лесно ќе може да го потврдат кодот.

Доколку не можат да испратат код, корисниците нема да може да ја гледаат содржината и од нив се бара да креираат сопствена сметка.

Оваа новина уште не е официјална, па останува да видиме дали и што ќе преземе Netflix за големиот број на гледачи кои сепак не плаќаат за нивниот сервис.

Инаку, најголемиот пакет на Netflix вклучува до 4 корисници во исто време, со 4 различни профили за секој од нив.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаБАТ ги открива амбициозните нови еколошки цели во извештајот за ЕОЦ 2020
Следна статијаМакпетрол Инфо Поинт: Бавен раст на бројот на возила на алтернативен погон во Европската Унија – удел од 4,3 проценти во 2019 година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.