Во 2020 г., БАТ ја објави својата амбиција да постигне јаглеродна неутралност во поглед на емисиите кои се резултат од неговите деловни активности (Обем 1 и 2) до 2030 г. Оваа нова обврска, исто така, има за цел да ги намали емисиите во целиот синџир на вредности (Обем 3) на БАТ. Тоа претставува надградба на тековните напори на БАТ да се инволвира со снабдувачите околу прашањата поврзани со климатските промени и да ги поддржи земјоделците со кои има договор во усвојувањето помалку јаглеродно-интензивни техники на одгледување.

Откако ја постигна својата цел на рециклирање вода и пред зацртаниот рок, БАТ најави и дека ќе го крене стандардот уште повеќе, за количината на вода што се рециклира да се зголеми на 30% до 2025 г. До 2025., БАТ има за цел и 100% од сите производни локации да бидат сертифицирани од Алијансата за управување со води (AWS). Ваквата угледна и независна ревизија во текот на сертификацијата ќе помогне да се потврди исправноста на управувањето со води од страна на БАТ.

БАТ работи на својата одржливост повеќе од 20 години. Во март 2020., БАТ најави дека ќе воведе нови цели за ЕОЦ, како дел од својата еволуирана стратегија да постигне Подобро утре™ (A Better Tomorrow). Последниот Извештај за ЕОЦ покажува дека БАТ има постигнато значителен напредок оттогаш, вклучително:

  • Зголемување на потрошувачите на несогорливи производи за 3 милиони на вкупно 13,5 милиони на крајот од 2020 г.
  • Зголемување на приходите од Нови категории (heated tobacco, vapor, oral tobacco) за 15% во 2020 г. наспроти 2019 г.
  • Зголемување на обновливата електрична енергија на 26% – пораст од 10% во однос на минатата година, како и намалување на целокупните емисии на јаглерод за 30% од 2019 година досега
  • Намалување на количините исцрпени води за речиси 11% од 2019 година досега
  • Одржување на над 38.000 обуки за човековите права, со учество на повеќе од 390.000 слушатели од целиот синџир на вредности на БАТ, и
  • Постигнување 38-процентна застапеност на жените на управувачки позиции.

Џек Боулс, Главниот извршен директор на БАТ, изјави: „Се наоѓаме во клучен момент од нашата трансформација и решени сме да го изградиме претпријатието на иднината. Во овој извештај е даден транспарентен отчет за нашиот напредок и нашата нагласена амбиција. Продолжуваме да поттикнуваме извонредност во сите области на ЕОЦ и со гордост ја најавуваме нашата нова решеност да ја прошириме нашата цел за јаглеродна неутралност, за да ги вклучиме и емисиите од Обемот 3 до 2025 година.“

„БАТ е на пат да изгради Подобро утре™ (A Better Tomorrow)за сите, почнувајќи од овозможување избор на потрошувачите и поттикнувајќи ги да прејдат на производи за кои е научно докажано дека се со намален ризик**, преку заштита на животната средина, па сè до почитување на човековите права и инвестирање во таленти. Нашата крајна амбиција е да го намалиме влијанието на нашата дејност врз здравјето и да извршиме позитивно еколошко и општествено влијание.“

Напорите за постигнување одржливост на БАТ и неговата посветеност на примена на високи стандарди добија значителни независни признанија. Тоа се, нашето вклучување во Индексите на одржливост на Дау Џонс во текот на 19 последователни години, доделување БББ рејтинг од МСКИ (Морган Стенли капитал интернешенел) и статус на А листата на ЦДП.

Претходна статијаКако регулативата влијае на безбедноста на 5G во Европа?
Следна статијаNetflix тестира намалување на споделувањето на лозинката од сервисот со други луѓе