skype web 2

Skype оваа недела прославува 10 години од воведувањето на можноста за бесплатни видео повици. На овој јубилеј овој познат сервис добива нова можност, а тоа се бесплатни групни видео повици преку мобилната апликација.

Групните видео повици, дотогаш достапни само за бизнис корисниците, станаа бесплатни за сите корисници во 2014 година. Со можност за групни видео повици со до 10 учесници, сите корисници на Skype добија можност да користат дел од платените функции на овој сервис.

Уште тогаш беше најавено дека оваа можност ќе биде овозможена на сите платформи каде што е достапен Skype, па скоро 2 години подоцна, корисниците на Android, iOS и Windows 10 Mobile ќе можат да почнат да прават бесплатни групни видео повици.

gvc_android-1

Новата можност ќе биде воведена на соодветните апликации во неделите што следат, а доколку некој не сака да чека и би сакал веднаш да ја испроба, тоа може да го направи со пред регистрација на следниот линк.

Од Skype истакнуваат дека во периодот од 10 години, корисниците имаат направено повеќе од 2 трилиони минути преку бесплатни видео повици, а мобилната апликација ја користат повеќе од 750 милиони корисници на достапните мобилни платформи.

Извор: Skype

Претходна статијаLG Gram 15 е најлесниот 15 инчен лаптоп на планетата
Следна статијаЗаканата од ВИ – дел 2 – Елон Маск против Сузан Садедин
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.