Screenshot 2014-04-28 16.43.36

Можноста за групни видео повици, односно видео повик со повеќе пријатели во исто време, постои подолг период на Skype. Меѓутоа оваа функција беше наменета за бизнис корисниците, поради претплатата која што беше потребна корисниците да ја платат за да можат да ја користат. Се разбира секој кој што сака, без разлика дали се работи за компанија или обичен корисник можеа да се претплатат на Skype Premium, како што беше наречена претплатата.

Од сега оваа функција станува бесплатна и сите корисници може да ја користат и да прават групни видео повици со до 10 пријатели. На почеток функцијата ќе биде овозможена за корисниците на Windows, Mac и Xbox One, но од Microsoft најавуваат дека работат на тоа да групните видео повици бидат овозможени на сите платформи каде што е достапен Skype.

Ова е нешто што повеќето корисници веќе подолг период го бараат, а корисниците на Google Hangouts го имаат од самиот почеток, па не е ни чудо што од Microsoft се решија на овој потег.

Претходна статија„Не како и секој друг“ – првата реклама за Nokia од Microsoft
Следна статијаHP ќе претстави 14 инчен Android лаптоп
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.