Mars_south_pole_and_beyond_node_full_image_2

Мисијата Mars Express беше лансирана од Европската вселенска агенција (ЕВА) во јуни 2003 година, во периодот кога Марс и Земјата беа на најблиска позиција во последните 60 илјади години. Леталото влезе во марсовата орбита во декември истата година, по што се подели на два дела: Mars Express Orbiter (орбитирачко летало) и Beagle 2 (роботизирано возило кое вози по површината на планетата).

Додека Beagle 2 постојано прави фотографии од површината на Марс, Mars Express Orbiter прави фотографии од орбитата. Истите можете да ги прегледате на официјалната страница на оваа мисија: mars.esa.int.

Неодамна Mars Express Orbiter направи една феноменална панорамска фотографија од Црвената Планета, која можете да ја видите на почетокот од овој напис. На самата фотографија се забележуваат неколку марсовски феномени и специфичности.

esa-mars-express-1

На пример, веднаш паѓа во очи поларната капа (на левиот дел) која е направена од замрзната вода и јаглероден диоксид. На средината на фотографијата се гледаа планински предел кој е испресечен од кратери направени од удари на метеори и метеорити. На десната страна можат да се забележат и некои други поголеми кратери и низини кои веројатно се направени од удар на комета.

Марсовата површина нуди интересни предели кои за жал се во главно исполнети со суви, црвенкасти карпи и прашина. Поради црвената боја лесно може да се помисли дека температурите се многу високи, но просечната температура на површината е само -63 степени целзиусови.

Извор: IFLScience, Gizmag

Претходна статијаSpaceX Crew Dragon – Најново вселенско такси од оваа компанија
Следна статијаНаучниците создадоа скоро совршен звучен блокатор