interior_2
SpaceX Crew Dragon – вистинска фотографија од внатрешнината на ова вселенско такси

Наскоро астронаутите ќе имаат нешто како такси за патување до вселенски бродови и станици кои веќе се наоѓаат во орбита околу Земјата. Тоа е бидејќи SpaceX, револуционерната компанија на Елон Маск го претстави својот најнов концепт на вселенско транспортно летало.

Леталото се вика Crew Dragon и ќе има капацитет да пренесе до 7 астронаути. Тоа ќе биде целосно автономно и ќе може да патува од една на друга локација со задавање на координати, а потоа да се прикачи таму каде што ќе пристигне.

Како што можете да забележите на фотографиите (кои, патем, се направени од вистински модел) внатрешнината на Crew Dragon изгледа многу примамливо, дури подобро од внатрешнината на повеќето вселенски бродови. Тој ќе биде опремен со екрани кои ќе прикажуваат информации за состојбата на леталото и неговата позиција.

Дополнително, астронаутите ќе имаат пристап до неколку споредни контроли. Тие ќе можат да иницираат деорбитирање т.е. пад кон Земјата, да регулираат воздушен притисок во случај на пад на притисокот во кабината, да иницираат систем за гаснење пожар во случај ако таков се појави внатре, да ја регулираат внатрешната температура (од 18 до 27 степени)…

Crew Dragon ќе има четири прозорци преку кои астронаутите ќе можат да се соблазнуваат на феноменалните погледи од Земјата, Сонцето и ѕвездите. Проблемот со ова е што прозорци претставуваат проблем со интегритетот на структурата на леталото бидејќи удар од мало камче или прашина кое орбитира околу Земјата (патувајќи со огромни брзини од неколку километри во секунда) може да ги пробие или оштети. Тоа би значело несреќен и ужасен крај на една таква такси мисија до, на пример, Меѓународната вселенска станица.

interior_1

Сепак, веројатно од SpaceX помислиле на овој проблем, па ќе имаат одреден тип на заштита за ваквите слаби точки. Како и да е, одличен проект на оваа легендарна компанија и очекуваме да видиме како ќе се оствари во пракса. Засега тие велат дека првите летови со Crew Dragon би почнале најрано во 2017 година.

Извор: IFLScience, Techno Buffalo

Претходна статијаFacebook работи на „Dislike“ копче, но не како што се очекува
Следна статијаMars Express сними прекрасна панорамска фотографија од Марс