mark-qa-dislike

Една од најголемите дискусии кога е во прашање Facebook, е можноста за воведување на dislike копче кое што за многу луѓе е логичен избор до популарното like. Меѓутоа за Facebook ова не е толку едноставна работа, па затоа и до сега корисниците не видоа ни нешто слично.

Причината за ова е што воведувањето на едно вакво копче може да предизвика проблеми кои што од компанијата не би сакале да ги има на нивната мрежа. Има голем број на корисниците кои што би ја користеле мрежата многу поретко доколку на нивните објави добиваат повеќе негативни реакции. Исто така, голем е бројот на компании кои што ја користат мрежата за рекламирање, па добивањето на dislike не е нешто што би било прифатено позитивно.

Сепак, корисниците долги години бараат, па Facebook изгледа сепак работи на некаков вид на dislike копче, како што потврди Марк Цукерберг на настан каде што одговараше на прашања (Q&A).

Точни детали за тоа како ќе биде имплементирано ова копче Марк не даде, но објасни неколку работи кои што можат да ни дадат претстава што да очекуваме. Копчето треба да биде достапно за ситуациите кога корисниците објавуваат некои лоши вести, па стискањето на like не е баш прикладно. Со други зборови, dislike копчето треба да биде достапно за изразување на емпатија, а не обично покажување дека нешто не ни се допаѓа.

„Луѓето прашуваат за dislike копчето повеќе години и можеби стотици луѓе имаат прашано за ова и денес е специјален ден затоа што денес е денот кога ќе можам да ви кажам дека работиме на тоа и сме доста блиску до пуштање на тест“ – изјави Марк.

Тој исто така истакнува дека тие не планираат да ја направат мрежата како некој форум каде што луѓето ќе оставаат позитивен или негативен фидбек на објавите. Пример за ова има на многу други места, како што се Reddit или YouTube.

Извор: The Verge, CNBC

Претходна статијаCanon спрема VR уред со 5К резолуција!
Следна статијаSpaceX Crew Dragon – Најново вселенско такси од оваа компанија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.