1920px-David_Cameron_and_Barack_Obama_at_the_G20_Summit_in_Toronto

Темата на заштита на приватноста, односно противењето на истото од страна на властите е доста актуелна изминатите година дена, а како што гледаме истото само ќе се засили. По објавувањето на веќе познатите информации од страна на Edward Snowden, стана јасно дека владите сакаат да имаат пристап до што поголем дел од комуникацијата на луѓето, под оправдувањето дека тоа е неопходно за одржување на безбедноста.

Премиерот на Британија David Cameron, објави дека доколку биде избран на наредните избори, планира да воведе нови закони од оваа област. Според него, властите мораат да имаат пристап до комуникацијата на луѓето, повторно под оправдувањето дека тоа е клучно за безбедноста. Во тој контекст тој ги истакна случувањата во Франција изминатата недела, кои што ги користи како доказ за неговите тврдења.

Нападите во Париз го прикажаа нивото на закана со кое што се соочуваме и потребата да имаме силни моќи низ нашите агенции за разузнавање и безбедност за да можеме да ги зачуваме нашите луѓе безбедни – изјави Cameron.

Главната работа која што тој ја кажува е дека би донел закон со кој што компаниите кои што развиваат апликации за разговори, како што се WhatsApp, Viber, Skype и слични, ќе мораат да овозможат пристап до разговорите на корисниците, дури и тие да се енкриптирани. Доколку таков пристап не биде овозможен, апликациите ќе бидат забранети за користење во земјата.

WhatsApp, како и други сервиси веќе нудат енкриптирани разговори, односно таканаречени end-to-end енкриптирани кои што само корисникот може да ги прочита. За Skype информациите покажуваат дека овозможуваат пристап до разговорите на барање на властите, а исто така тие не нудат end-to-end енкрипција.

Дали ќе дозволиме да постојат начини на комуникација кои што едноставно не се можни да бидат причитани ? Мојот одговор на тоа прашање е: „Не, ние не смееме“. – изјави Cameron.

Извор: ArsTechnica, The Independent, AndroidCentral

Фото: Wikipedia

Претходна статијаPlayer piano, Kurt Vonnegut Jr.
Следна статијаОтворено писмо за предностите и заканите од вештачката интелигенција потпишано од повеќе експерти од областа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.