Speaker Announcement

Што претставува „паметна подвижност“?

Однапред сакам да објаснам зошто ја користиме придавката „паметна“. Новиот начин на подвижност е паметен затоа што во позадина работат нови и подобри еколошки изуми. Од неодамна голем број луѓе иднината на превозот и развојот на градовите го нарекоа „зелен“: „зелена подвижност“ и „зелени градови“. Овие искази беа индикативни дека се грижиме за животната околина, што е многу важно, но од друга страна потребно е да бидеме реални и да ја согледаме другата, монетарната, страна на оваа трансформација.

Кога велиме „паметна подвижност“ мислиме на интегриран превоз кој е достапен за жителите и за гостите на некој град; превозот треба да има разумна цена, да не биде штетен за животната околина и да биде атрактивен за оние што сметаат дека е добро да се инвестира во такви шеми.

Која е улогата на електричните возила во „паметната подвижност“

Улогата е навистина важна. Електричните возила создаваат помалку врева (или речиси и да не создаваат), лесни се за возење и, тоа што е најважно, не произведуваат издувни гасови кои се од суштинска важност во справување со проблемот на загадување во градовите.

Главното противење на електричните возила е тоа што нивното производство повлекува големи количини на фосилни горива, што од друга страна ја намалува нивната еколошка оправданост. Во секој случај, главниот и најнепосреден проблем денес не е целокупната потрошувачка на гориво и емисии на CO2, туку масовното и растечко загадување во градовите. Електричните возила (ЕВ) кои се во фаза на производство, создаваат одреден степен на загадување, но пак се 100% чисти од издувни гасови на ниво на користење. Со целосна употреба на ЕВ можеме да го отстраниме загадувањето од градовите.

Лесна добивка за градовите е тие да ги заменат дизел автобусите со автобуси на струја. Ова не само што е добро за природата туку и придонесува до намалување на вревата, што е добивка за жителите на градот.

Кога ќе бидат ЕВ достапни за просечниот човек?

Од досегашното искуство на корисниците постојат две главни ограничувања кај ЕВ.

  1. Возната километража е огромно ограничување, но благодарение на масовниот фокус од страна на продавачите да ја зголемат трајноста на батериите, можеме наскоро да очекуваме големи подобрувања. Во моментот на пазарот веќе има возила што можат да одат и до 500 километри.
  2. Скапата цена е веројатно најголемиот предизвик во повеќето земји.

Во секој случај, треба да се нагласи дека цената на возилата опаѓа со тек на време, особено ако ја земеме предвид промената во трошоците за едно семејство.

Второ, веќе станува вообичаена промената од капекс во опекс (capex означува капитална потрошувачка, односно трошокот за развој на делови за одреден производ или систем; opex ја означува тековната потрошувачка во користењето на некој производ, бизнис или систем). Компаниите што ги даваат под наем овие возила нудат зделки кои се атрактивни за сопствениците на моторни возила, што им овозможува големите инвестиции (во возило) да ги претворат во чист месечен трошок.

Трето, луѓето немаат потреба да бидат сопственици на возило. Во многу случаи (кај младите луѓе и оние што немаат потреба од возило на дневна основа), можеби е доволно да се користи кола или програма за заедничко возење (во градовите) или изнајмување возила (за подолги патувања), како и спојот од разни средства за превоз (автобуси, трамваи, подземна железница, велосипеди и такси), а секако постои секогаш можноста за одење пеш. Сепак, некои домови сеуште имаат потреба од возило, додека наведените опции за превоз најверојатно можат да ја заменат потребата од второ возило.

Кои се градовите што веќе користат паметна подвижност?

Има неколку одлични примери каде што се воведени елементи на паметна подвижност.

Некои помали градови на мали острови, како Мауи на Хаваи, кој има 150,000 жители, до градови со до 500,000 жители како Малага, Копенхаген или Осло, потоа големи градови како Минхен, и мега градови каде што е многу потешко да се воведат добро-засновани и интегрирани „паметни“ системи, како што е Токио.

Дали еден таков систем би можел да работи во Скопје?

Секако, но Скопје не треба да цели кон усвојување решенија (производи или услуги) кои ги усвојуваат мега градовите. Исто така, и за среќа, Скопје нема големи проблеми како големите градови.

Споредбени градови на Скопје би биле Осло (650,000 жители) или Копенхаген (590,000).

Исто така многу е важно да се увиди што е тоа што е најважно за градот, сметајќи ги неговите финансиски и останати ресурси и ограничувања. Иако сум огромен ентузијаст за ЕВ, воведувањето

на такви возила во овој град не е главното прашање на кое треба да се одговори. Паметната подвижност е процес која треба да се испланира чекор по чекор.

Како би изгледал еден паметно-подвижен град во годината 2025?

Паметниот град ќе се заснова на три столба:

  1. Во градот ќе има повеќе од еден начин за идеален превоз кој ќе ги покрие сите потреби на граѓаните, и кој ќе ги опслужува сите граѓани. Иднината на превозот ќе биде спој на лични средства за превоз (коли, велосипеди), изнајмени или заеднички средства, јавен превоз и одење пеш низ пешачко-безбедни зони.
  2. Градот ќе биде без загадување од нафтени горива или барем ќе биде многу близу до таа цел, а старите возила постепено ќе се заменуваат со ЕВ или хибриди.
  3. Секако, овие потреби би требало да бидат ценовно достапни за сите.
Претходна статијаПомалку од две недели до почетокот на Самитот на Македонија2025
Следна статијаGoogle Pixel телефоните имаат фантастична камера – еве и фотографии како доказ