google-pixel-camera-example-1

Кога ги претстави новите Pixel телефони, од сите вградени хардверски елементи во нив, Google најголемо внимание обрна на камерата, нагласувајќи дека таа е најдобра од сите паметни телефони. Како доказ за тоа, тие го извадија резултатот од DxOMark страната (89 поени), кој е највисок од сите паметни телефони досега.

Сепак, ова не мора да значи дека камерата е навистина најдобра, бидејќи DxOMark е софтвер, кој ги оценува фотографиите по неколку параметри кои не мора да значи дека донесуваат до подобра фотографија. Добра фотографија може да оцени само човечко око, бидејќи таа е и наменета за да ја гледаат луѓе, а не компјутери.

google-pixel-camera-example-2

Згора на тоа, спецификациите на самата камера и не се особено импресивни. Да, таа има голем сензор со 12 мегапиксели, но леќата има f/2.0 бленда, што е помалку од директните конкуренти, а недостасува и оптичка стабилизација, која е заменета со дигитална, софтверска стабилизација. Досега, ниту еден производител нема постигнато успешно стабилизирање преку софтвер и затоа најголемите како Samsung и Apple се одлучуваат на оптичка стабилизација на сликата, која помага при сликање навечер со подолга експозиција, но и при снимање видео.

Но, оние кои сакаат да купат еден од двата Pixel телефони веројатно нема за што да се грижат, бидејќи ако цениме од првите фотографии од овие телефони кои излегоа на интернет, тие навистина имаат камера со висок квалитет. Кај фотографиите особено импресионираат длабоките бои, контрастот и избалансираната светлина – Pixel телефоните очигледно добро се снаоѓаат при ситуации со висок контраст.

Треба да се напомене од фотографиите се сепак делумно преработени со апликации како Snapseed или VSCO, но и во тој случај оригиналните фотографии треба да имаат многу детали за апликациите да можат добро да ги преработат фотографиите. За финална оценка сигурно ќе треба да почекаме до рецензиите на телефоните, но судејќи по првите примероци, Google сигурно има победник во овие телефони.

Фотографиите што се постирани во галеријата се со намалена резолуција – за оние кои сакаат да извршат детална инспекција, препорачувам да одат кликнат тука.

Извор: The Verge, 9 to 5 Google, Google Photos

Претходна статијаМихал Клочек – Суштината на Електричните Возила и колку сме (малку) оддалечени до создавање „паметна подвижност“ во градовите
Следна статијаWindows 10 Mobile Redstone 2 надградбата ќе донесе големи подобрувања во Continuum