Елон Маск во документарец на HBO кажа дека има 70% шанса да оди на Марс

Тој исто така истакна дека одењето на Марс би претставувало преселба на планетата, односно дека шансите за враќање се многу мали

Како дел од нова документарна серија на HBO, AXIOS, составена од 4 дела, во која интервју даваат и Бил Гејтс и Френклин Греам, Елон Маск разговара не една од најмногу популарните теми кога е тој во прашање, Мисијата на Марс.

Познато е дека SpaceX работи на план за колонизирање на, како што ја викаат, црвената планета, иако тоа не е воопшто лесно.

Сепак, како што истакнува Маск во интервјуто за HBO, одредени работи кои порано не биле достапни сега се достапни, па една ваква мисија сигурно веќе не е незамислива. Тој исто така истакнува дека мисија на Марс ќе биде возможна за време на нашиот животен век.

Во интервјуто го прашуваат, дека веќе има 47 години, кои се шансите дека тој лично ќе оди на Марс, на што тој одговара, 70%. Исто така тој нагласува дека одењето на Марс ќе значи и селење на таа планета, односно дека шансите да се врати некој од таму се многу мали.

Интересно, новинарите го носат разговорот во правец на тоа дека одењето на Марс ќе биде еден вид на можност за „бегање“ на богатите, на што Маск одговара дека тоа не е случајот. Мисијата на Марс е ризична и дури и да успешно се слета на планетата, потоа има многу работа за да се успее да се преживее таму. Мисијата тој ја споредува со одење на Антарктика и Хималаите. Тоа значи дека шансите за непреживување се големи, а целата работа се прави поради предизвикот.

ИЗВОРHBO
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаРамките околу екранот на Galaxy S10 ќе бидат најмали досега
Следна статијаТри квалитети кои ги имаат ефективните лидери според директорот на LinkedIn
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.