Живееме во време кога повеќето сметаат дека „го имаат тоа што треба“ во било која област, меѓутоа тоа не значи дека правилата за тоа не постојат веќе. Сепак, ставовите на вакви теми може да се каже дека се прилично релативни, па не може да се извади една генерална вистина, иако голем дел од нив се поклопуваат и се логични.

Еден од луѓето кој претставува некаков фактор во светот кога се во прашање ставовите за што е тоа што треба да го има еден човек за да биде успешен, односно во овој случај да биде добар и ефективен лидер, е секако директорот на LinkedIn, Џеф Вајнер.

Тој преку својот LinkdIn профил излезе со својот став на оваа тема, односно истакна три карактеристики кои според него треба да ги имаат ефективните лидер. Тие три карактеристики сигурно ќе се согласите дека се клучни и логични.

  1. Свесност – Лидерот треба да ги следи и да е свесен за глобалните и индустриските трендови, да е свесен за перформансите на својата компанија, да покажува сочуство, како и да биде свесен за сопствените предности и слабости.
  2. Синтеза – Во основа во овој случај тој мисли на способноста на лидерот да ги спои работите, односно да може да ги издвои знаците од „буката“, да може да го „поврзе точките“, да развива планови и да донесува одлуки.
  3. Инспирација – За еден човек да биде ефективен лидер тој треба да има јасна визија, да верува во своите убедувања, како и способност да ги комуницира овие две работи

Претпоставувам дека повеќето луѓе коишто излегуваат со вакви мислења, тргнуваат од своето лично искуство, од тоа што тие правеле за да станат успешни. Сепак, иако ваквите правила не може да се каже дека се универзални, штом на одреден човек му помогнале да стане тоа што е, сигурно вреди да се разгледаат и применат.

ИЗВОРInc
Претходна статијаЕлон Маск во документарец на HBO кажа дека има 70% шанса да оди на Марс
Следна статијаПовеќе од 120.000 луѓе за време на Black Friday во Skopje City Mall
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.