surface-keyboard-leak-650-80

“Surface Ergonomic Keyboard” ќе биде името на Bluetooth тастатурата која ќе доаѓа во пакет со новите Surface „се во едно“ компјутери (сите компоненти се вградени во мониторот, односно нема дополнително куќиште), кои веројатно ќе бидат лансирани многу наскоро.

Фотографиите од тастатурата најавуваат дека таа ќе има многу сличен дизајн на целата Surface линија, со темно сива боја која треба да одговара на магнезиумот од кој се направени овие производи. Тастатурата инаку ќе биде супер тенка и ако тргнеме од искуството со сите Microsoft тастатури досега, би требала да овозможи прилично комфорно пишување.

surface-keyboard-fcc-image-970-80

Покрај тенкиот модел, треба да биде лансирана и ергономска верзија, која веројатно ќе има заоблено поставени копчиња, кои ќе овозможат ергономско пишување, без кочење во рацете. Исто така, најавен е и тенок Surface маус, што е секако очекувано.

Сите периферни уреди кои ќе бидат испорачани со новиот Surface „се во едно“ компјутер ќе бидат напојувани преку “AA” батерии, што значи дека нема да може да ги полните. Ова не треба премногу да загрижува, бидејќи ќе се поврзуваат преку Bluetooth 4.2, што значи дека ќе имаат прилично долго траење со еден сет батерии.

surface-aio-patent2

За самите Surface компјутери пак е најавено дека ќе бидат модуларни и дека ќе биде прилично лесно да се менуваат модулите. На пример, доколку сакате повеќе рам или помоќна графичка, ќе треба само да го смените модулот во задниот дел, без да треба да го отворате компјутерот. Ова ќе биде веројатно и главниот адут Surface All in One во борба со iMac, но и останатите Windows 10 „се во едно“ компјутери.

Извор: Windows Central, Tech Radar, GSM Arena

Претходна статијаGoogle Home е Wi-Fi звучник со вграден Google Assistant
Следна статијаDaydream View VR е новиот, напреден уред на Google за виртуелна реалност