drives

Во денешно време SSD дисковите постепено стануваат главниот стандард, а тоа посебно важи кај обичните корисници. Овие дискови се тивки, работат побрзо, а за обичниот корисник забележливо е зголемувањето на перформансите на компјутерот значително.

Меѓутоа дали овие дискови е препорачливо да се користат за чување на податоци, односно за бекап подолг период.

Кратко кажано, доколку се работи за бекап на важни податоци, а ова посебно важи за компаниите и институциите, подобро е податоците да се чуваат на хард диск или на ленти за бекап.

Проблемот со SSD дисковите е периодот на задржување на податоците кога се исклучени. Самите производители најчесто во спецификациите истакнуваат дека тој период е 3 месеци. Најчесто тоа важи за дисковите наменети за деловните корисници, а тој период е поголем за обичните корисници и достига до 2 години.

Ова значи дека доколку се следат спецификациите на дисковите и тие се вклучуваат во овој период, не би требало да има проблем.

Сепак, најновите истражувања од одредени организации покажуваат дека влијание на времето на задржување на податоците на дискот кога е исклучен има е температурата во која што се чува, покрај материјалите и технологијата во која што е изработен.

Па така, доколку еден обичен SSD диск наменет за обичните корисници, може да ги задржи податоците до 2 години на температура од 25 степени, периодот дупло се намалува при зголемување на температурата од само 5 степени.

Ова би можело да претставува посериозен проблем кај бизнис дисковите кои што истата промена од 5 степени може да им го промени периодот од 20 на 10 недели. Во деловни услови, зависно каде се чуваат дисковите, промената во температура може да биде уште поголема, па со тоа периодот на задржување на податоци на дисковите да биде намален дури и на неколку денови.

Со оглед на цената, како и ваквите истражувања, може да се заклучи дека сепак се’ уште кога се работи за чување на податоци подолг период, подобро е користењето на постарите технологии кои што се веќе одамна испробани и тестирани.

Извор: ZDNet, Gizmodo, KoreLogic

Претходна статијаШто значат изјавите дека Windows 10 е последната верзија од Windows?
Следна статијаГласајте за најдобрите деловни решенија за „Интернет на нештата“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.