sleep-shepherd-1

Може слободно да се каже дека во денешно време на брзање, голема достапност на информации за процесирање, односно генерално стилот на живеење, луѓето не ретко имаат проблем со лесното заспивање. Добриот сон е нешто што без разлика на напредок на технологијата, човекот се’ уште мора да го добие за да може да функционира како што треба наредниот ден.

Спиењето влијае на имунитетот, метаболизмот, нервниот систем, односно на целиот организам кој што не би можел да функционира после само неколку дена без сон.

Поради големиот број на луѓе кои што имаат проблеми со заспивање, веќе одамна се достапни, а се претставуваат и нови решенија кои што треба да го решат овој проблем. Тие вклучуваат различни видови на музика, апчиња, како и многу други системи кои што не се знае дали функционираат или не.

Се разбира, со исклучок на здравствено предизвиканите проблеми, скоро нема ништо што може долгорочно да помогне во ваков случај, од суштинска промена на животниот стил.

Sleep Shepherd е уште еден производ наменет да го олесни заспивањето за луѓето кои што го имаат овој проблем, а другите решенија не им помогнале. Се работи за капа, која што на изглед наликува на зимските. Во истата се вградени сензори кои што треба да ја мерат мозочната активност, звучници кои што пуштаат точно направени звуци, како и батерија која што се полни преку USB кабел.

Начинот на кој што работи овој систем е истражуван и развиен од страна на Dr. Michael Larson, професор на MIT универзитетот. Поточно, звуците кои што ги испуштаат звучниците се насочени да влијаат на superior olivary complex делот од мозокот кој што е поврзан со системот за слушање. Звуците се пуштаат на двете уши наизменично со што треба да се постигне ефект на лулање на лежалка.

Ова треба да предизвика намалување на мозочната активност со што многу побрзо и полесно би дошло до заспивање. Системот поради тоа што ја следи мозочната активност, кога ќе забележи дека спиете, звукот го исклучува се до моментот кога ќе забележи дека повторно се будите.

Ова како и да е, не треба да влијае не будењето наутро со аларм, поради тоа што сепак звуците се тивки и не спречуваат да слушнете нешто друго.

Sleep Shepherd беше претставен на Kickstarter каде што успешно го има завршено финансирањето за почеток на производство. Официјалното претставување е најавено за CES 2015 настанот кој што ќе се одржи во Јануари, по што се очекува достапност за корисниците од Март.

Извор: Kickstarter, Engadget

Претходна статијаИгра на Дронови
Следна статијаГолема акција на Xiaomi во петок – 10% попуст на сите производи од програмата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.