ps-now-tv

Sony го претстави PlayStation Now пред скоро една година, на CES 2014 настанот. Се работи за сервис кој што овозможува играње на игри без потреба од поседување на PlayStation играчка конзола, преку нивни стриминг од облакот на компатибилни уреди. Сервисот моментално е во бета фаза, а на него се достапни повеќе од 200 наслови од PlayStation 3 за играње на повеќе уреди од Sony, вклучувајќи ги нивните телевизори и PlayStation 4 конзолата.

Оваа недела од компанијата најавија дека ја прошируваат достапноста на сервисот и надвор од нивните производи. Првата друга компанија која што ќе го понуди сервисот е Samsung, кои што истиот ќе го направат достапен за одредени модели од нивните популарни телевизори од идната година.

Претставувањето на моделите, како и нивна демонстрација е најавена за идниот месец на CES 2015 настанот. Дали Samsung ќе бидат единствените кои што ќе добијат поддршка за PS Now сервисот нема информации, меѓутоа воопшто не би било чудно доколку понатаму бидат приклучени повеќе компании.

PlayStation Now сервисот ќе биде достапен на Samsung телевизорите како посебна апликација која што корисниците ќе треба да ја симнат и ќе можат да почнат да играат. Се разбира се што ќе има треба дополнително е контролер, а поддржан ќе биде DUALSHOCK 4 кој што ќе се продава посебно.

Сервисот на корисниците ќе им ги понуди сите функции достапни на Sony, односно тие ќе можат да го зачувуваат прогресот на игрите во облакот, да играат онлајн со нивните пријатели и слично.

PlayStation Now сервисот моментално е достапен само за корисниците во САД и Канада, па истото ќе важи и за Samsung телевизорите. Останатите корисници може да се надеваат дека повеќе земји ќе ја добијат поддршката кога сервисот ќе излезе од бета верзија.

Извор: PR Newswire, The Verge, PCWorld

Претходна статијаKodak и Bullitt Group ќе претстават мобилни уреди на CES
Следна статијаХелсинки – градот кој можеби ќе стане бисерот на урбаното живеење до 2050
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.