N7-spin_2-640x427

Samsung можеби е најуспешниот производител на смартфон сцената, но нивната понуда на лаптопи последниве неколку години заостанува зад најдобрите, како Microsoft, Lenovo, Dell и Asus. Новите Notebook 7 Spin модели треба да го сменат тоа, нудејќи солидни перформанси и можности, по коректна цена.

Како и сите конкуренти во оваа класа и Notebook 7 Spin имаат вртлив дисплеј, кој има „шарки“ кои овозможуваат вртење од 360 степени, со цел тој да се користи како таблет. Моделот ќе доаѓа во две изведби – со 13,3 инчен и 15,6 инчен дисплеј, двата со резолуција од 1920х1080 пиксели и специјален Video HDR мод, кој треба да го зголеми динамичкиот опсег при репродукција на видео.

NOTEBOOK 7 15

Во внатрешноста ќе бидат вградени моќни процесори од најновата генерација на Intel – помалиот модел ќе има Core i5, додека поголемиот со Core i7. Поголемиот компјутер ќе има и посебна графичка карта, поточно GeForce 940MX, која можеби не е претерано моќна, но сигурно ќе понуди подобри перформанси од вградената на Intel.

Покрај понудата на моќни процесори, моделите ќе имаат можност за максимум 16 GB рам меморија и неколку различни капацитети на SSD дискови, а во случајот на поголемиот модел и HDD диск од 1 TB. И двата лаптопи ќе бидат опремени со USB Type-C, USB 3.0 и два USB 2.0 приклучоци, додека батеријата ќе поддржува брзо полнење – 20 минути на струјната мрежа ќе овозможат 2 часа користење на батерија.

N7_spin_4.0

Цената на новите лаптоп/таблет модели на Samsung Ќе почнува од 799 долари, што е коректно со оглед на понудените перформанси.

Извор: Ubergizmo, The Verge, NDTV

Претходна статијаХабл вселенскиот телескоп доби 5 дополнителни години на функционирање
Следна статијаiPhone од наредната година ќе има “Edgeless” заоблен дисплеј на аглите