pi-zero-

Raspberry фондацијата го лансира својот нов мини компјутер, кој е два пати помал и два пати помоќен од својот претходник A+, а чини само 5 долари односно околу 300 денари.

Ако помисливте на тоа, Raspberry Pi компјутерите нема да можат да го заменат вашиот десктоп или лаптоп компјутер, па ниту вашиот смартфон. Се работи за мали чипови на плоча, кои се наменети за учење на програмирање или за вградување во поголеми уреди да извршуваат секундарни работи. Тоа што е двојно помал од својот претходник, секако помага во можноста да се вгради во уште помали уреди.

rsz_img_4054-980x684

Новиот модел има прилично моќни можности, како на пример продукција на Full HD слика со одлични 60 слики во секунда преку вградениот HDMI приклучок, што во превод значи дека можете дури и да го приклучите на вашиот голем телевизор, иако не би се обложил дека ќе можете да го користите за гледање YouTube или Netflix.

Останатите спецификации не се толку импресивни, но да потсетиме, сепак се работи за компјутер кој чини само 5 долари. Процесорот е Broadcom BCM2835 (сигурно го знаете како производител на Wi-Fi или Bluetooth картичките во вашите лаптопи) кој работи на 1 Ghz и е 40% побрз од Raspberry Pi 1.

Помогнат е од 512 MB рам меморија, што е веројатно доволно за апликациите кои ќе работат на него, а за складирање податоци има слот за micro SD картичка. На плочата се вградени и два micro USB слотови за напојување и приклучување на надворешни уреди, како и конектор за 40 пинови за истата функција. Pi Zero доаѓа со инсталиран Raspbian оперативен систем.

Сите кои сакаат да го купат овој компјутер, тоа можат да го направат со купување на MagPi магазинот кој чини околу 8 долари, каде Pi Zero доаѓа како подарок.

Извор: ARSTechnica, The Next Web, Raspberry Pi Blog

Претходна статијаNokia се враќа во 2016 година со моделот C1 ?
Следна статијаОткриена античка игра на табла во Кина