Фото: VentureBeat.com
Фото: VentureBeat.com
Фото: VentureBeat.com

Panasonic на CES2015 настанот кој што се одржува моментално најави дека е во фаза на развој на проѕирен екран прозор кој што е наменет да биде поставен во скоро секакви ситуации. Во главно од компанијата го замислуваат овој екран во канцелариите каде што на него може да бидат прикажувани одредени презентации и слични други работи.

Исто така, Panasonic најавува дека ваков вид на производ може да биде навистина корисен за продавниците во трговските центри. Прозорите на излозите би биле опремени со ваквите екрани, па на нив ќе можат да бидат поставувани најразлични информации за производите кои што се моментално изложени. Поради фактот што се работи за екран, информациите можат да бидат многу лесно менувани и прилагодувани на моменталните потреби. Тоа може целосно да ги замени налепниците кои што обично се поставуваат на излозите или обичните испечатени листови како во голем дел од нашите продавници.

Овие проѕирни екрани можат да бидат наменети и за поставување на ѕидовите, односно на места каде што нема екрани. Пример за ваквата намена се музеите каде што екраните можат да бидат поставени до експонатите за прикажување на дополнителни информации за истите.

Сепак, ова сега претставува само концепт, односно Panasonic не претстави целосно спремен производ кој што може да се продава. Тие сепак најавуваат дека работат на неговиот развој и дека во иднина е можно да претстават производ направен на основа на оваа технологија.

Извор и слика: VB

Претходна статијаAlcatel го претстави OneTouch Watch
Следна статијаMicrosoft го претстави Nokia 215 – Интернет поврзан телефон за 29 долари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.