panasonic-firefox-tv-630x374

Mozilla, производителот на до пред неколку години најпопуларниот прелистувач, Firefox, како и во поново време на Firefox OS оперативниот систем за мобилните телефони, но без поголем успех, сега ќе се обиде и кај паметните телевизори, во соработка со еден од најголемите светски производители, Panasonic.

Јапонскиот производител беше последниот кој во својата гама имаше телевизори со Plasma технологија, која беше супериорна во однос на LCD и LED телевизорите во поглед на квалитетот на сликата, но стана многу скапа за производство. Довербата на купувачите, кои не признаваа ништо друго освен таквите телевизори, Panasonic ќе се обиде да ја врати со нова LED серија на паметни телевизори со оперативниот систем на Mozilla.

Предноста на Firefox OS во однос на останатите конкуренти, како Tizen OS (во ТВ-ата на Samsung), односно Web OS (во ТВ-ата на LG) е тоа што користи апликации програмирани со HTML 5 стандардот, што значи дека програмерите ќе можат лесно да го префрлат кодот од веб сајтовите и веб апликациите (како на пример YouTube или Netflix), да работи на оперативниот систем на Mozilla, нормално со мали преправки во дизајнот и корисничкиот интерфејс.

Mozzy-800x449

Ваквиот пристап може да овозможи брзо збогатување на пазарот со апликации, за разлика од многу други паметни телевизори, кои моментално нудат сиромашни еко системи, со само неколку стотици апликации. Исто така, засега ниту еден оперативен систем кај паметните телевизори не зазема многу голем колач од пазарот, дури ниту Android и Apple, што остава простор за помалите играчи како Mozilla. Секако, од голема помош за Firefox OS е сигурно и самиот квалитет кој го нудат телевизорите на Panasonic и довербата која ја имаат кај купувачите во тој поглед.

Panasonic во почеток ќе лансира шест различни модели на телевизори со Firefox OS, со засега непознати спецификации, но може да се претпостави дека меѓу нив ќе има и Ultra HD модели со големини од 50 до 65 инчи во дијагонала.

Извор: VentureBeat, TechnoBuffalo

Претходна статијаGoogle Tone е Chrome екстензија која овозможува споделување на линкови користејќи звук
Следна статијаElectroloom – 3Д печатар на готова облека